До крајот на јануари оваа година сите трговци треба да набават фискални каси со ГПРС-уреди, потсети денеска Управата за јавни приходи. Даночната администрација вчера соопшти дека сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги, за кој плаќањето се врши во готово, имаат обврска до 31 јануари 2015 година да воведат фискален апарат со вграден ГПРС-уред. Претходно, односно од почетокот на ноември годинава, фискалната каса со ГПРС-уред стана задолжителна за сите даночни обврзници со годишен промет од над 10 милиони денари. Од УЈП велат дека постапката за регистрација на новите ГПРС-фискални апарати трае од 10 до 15 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител каде што обврзникот ја набавил касата.
До крајот на јануари оваа година сите трговци треба да набават фискални каси со ГПРС-уреди, потсети денеска Управата за јавни приходи. Даночната администрација вчера соопшти дека сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги, за кој плаќањето се врши во готово, имаат обврска до 31 јануари 2015 година да воведат фискален апарат со вграден ГПРС-уред.
Претходно, односно од почетокот на ноември годинава, фискалната каса со ГПРС-уред стана задолжителна за сите даночни обврзници со годишен промет од над 10 милиони денари.
Од УЈП велат дека постапката за регистрација на новите ГПРС-фискални апарати трае од 10 до 15 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител каде што обврзникот ја набавил касата.
„И покрај брзата постапка, а со цел избегнување метежи, апелираме даночните обврзници да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот, 31 јануари, односно секој што не ја извршил обврската за регистрација кај некој од овластените производители, тоа да го стори веднаш бидејќи во наредниот период се очекува голем број фирми да извршат набавка на нови фискални каси, а дополнително претстојат и новогодишните и божикните празници“, наведуваат од УЈП.
Според последните податоци на Управата, постапката за регистрација е заокружена за 26.258 фискални каси со ГПРС-уред, кај 12.591 даночен обврзник.
Право на продажба имаат само овластени производители на одобрен фискален систем на опрема со ГПРС-уред, во согласност со даночната регулатива.
Инаку, кога на почетокот на ноември годинава стартуваше оваа обврска за фирмите со годишен промет од над 10 милиони денари, околу 5.000 даночни обврзници до финалниот рок ја немаа исполнето таа обврска, додека, пак, 3.958 фирми го испочитуваа терминот и регистрираа 9.100 фискални апарати со ГПРС-уред.
Инаку, Законот за регистрирање на готовинските плаќања предвидува строги казни за трговците што нема да ја испочитуваат оваа обврска, односно клуч на врата од 15 дена за овој прекршок, како и парични глоби од 1.500 до 5.000 евра.